17 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрупа финансирана од Сорос иницира кампања за спречување на Брегзит со втор...

Група финансирана од Сорос иницира кампања за спречување на Брегзит со втор референдум

Џорџ Сорос, шпекулантот кој ја растури Банката на Англија во 1990-тите години, вели дека поддржува кампањи за запирање на штетните ефекти на Брегзит ветувајќи дека деновиве ќе биде објавен манифест „Најдоброто за Британија“, пренесува „Брејтбарт“.

Обраќајќи се пред присутните на глобалистичкиот Европски совет за надворешни односи во Париз во вторникот, Сорос го карактеризира гласањето на Велика Британија за излез од ЕУ во јуни 2016 како територијална дезинтеграција која треба да се запре.

„Брегзит е неизмерно штетен процес, штетен за двете страни. Најголем дел од штетата се чувствува токму сега кога ЕУ е во егзистенцијална криза, но нејзиното внимание е пренасочено кон преговарање одделен договор со Велика Британија”, нагласи Сорос.

Тој шпекулира дека во времето што е потребно за Велика Британија целосно да излезе од ЕУ, британската јавност ќе биде принудена да го промени своето мислење и дека е потребно тоа да се случи поскоро отколку подоцна.

„Тоа е целта на иницијативата наречена „Најдоброто за Британија “, што јас ја поддржувам. „Најдобро за Британија се бореше и помогна да се добие значајно парламентарно гласање кое вклучува опција Британија воопшто да не излезе од ЕУ”, рече тој.

Сорос е гласен противник Велика Британија да ја напушти ЕУ и има врски со високи членови на европската политичка елита, а обелоденети документи изложуваат мрежа од 226 негови „доверливи сојузници” во Европскиот парламент. Минатиот месец беше обелоденето дека неговата Фондација отворено општество вложила вкупно 800.000 фунти во кампањата „Најдоброто за Британија” за да изврши притисок за тоа што претседателот на групата, Патрик Гаспард, го нарече значајно гласање за конечниот предлог за Брегзит. Покрај тоа, фондацијата вложила вкупно 303.000 фунти во две други анти-брегзит организации – „Европското движење Велика Британија“ и „Научниците за ЕУ“.

Минатата недела се појавија информации дека активистите на „Најдоброто за Британија“ се обучуваат за безмилосно напаѓање на пратениците за да ги притиснат да го блокираат Брегзит. Сорос посочи дека запирањето на Брегзит ќе биде добро за Велика Британија, но и ќе ѝ направи огромна услога на ЕУ со тоа што ќе спречи создавање дупка во европскиот буџет што тешко ќе се пополни.

Во својата реакција, лидерот на Брегзит и поранешен лидер на УКИП, Најџел Фериџ, во вторникот вечерта изјави дека Британија веќе донела одлука.

„Не сакам втор референдум, г. Сорос. Веќе имавме еден”, рече г. Фериџ.

„Ние донесовме одлука преку најголемата демократска вежба во историјата на оваа земја. Но, ако вие и вашите пријатели меѓу меѓународните и бизнис-елитите ни го наметнете тоа, тогаш ќе мораме повторно да те победиме. Овој пат, со многу поголема разлика”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП