2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ повторно ја притиска Британија за Брегзит

ЕУ повторно ја притиска Британија за Брегзит

Лоби од европската индустрија ѝ порача на премиерката Тереза Меј дека трговијата во Британија мора да тече „подмачкано“ по Брегзит, што е дополнителен притисок од ЕУ врз Лондон откако преговорите за излезот од Унијата заладија.

Според ЕУ, Британија не се движи кон прогрес во однос на преговорите за Брегзит и тоа создава фрустрации, Унијата додаде, посебно на границата со Ирска. ЕУ не се согласува со предлогот на Британија идните соработки да преминат од трговија во безбедност бидејќи тие се нереалистични.

За време на последните, некомплетни преговори минатата недела Унијата беше разбеснета по јавните закани на Лондон дека повторно ќе бара договор за финансиска спогодба ако ЕУ не ѝ дозволи на Британија по Брегзит да го користи навигацискиот систем на сателитот „Галилео“.

Меѓу другото, ЕУ постојано ја измева Британија и нејзиниот план да користи технологија од највисок квалитет за контролите на границата со Ирска, вклучително и царината.

Унијата вели дека ова нема да донесе ништо, ниту, пак, ќе ја приближи Британија до целта да избегне градење нова физичка граница помеѓу Ирска (која е земја членка на ЕУ) и покраината на Британија – Северна Ирска; нешто од кое се плашат и двете земји.

„Непрекинатиот тек на трговијата е клучен и за економијата на ЕУ и економијата на Британија. Ова мора да оди како подмачкано. Мора да имаме јасен и цврст став бидејќи времето минува. Без цврст став губиме инвестиции“, лобито изјави во соопштение.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП