20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНеверојатно откритие: Кој навистина стои позади криптовалутите

Неверојатно откритие: Кој навистина стои позади криптовалутите

Основачот на втората по големина криптовалута во светот, Етереум, Виталик Бутерин, се обиде да одговори на прашањето дали е вистина дека фамилијата Ротшилд ги контролира криптовалутите.

“Дали Ротшилдови се толку координирани и дали треба да сме загрижени?”, праша Бутерин. Тој се обидува да анализира дали тоа е вистина или теории на заговор, тврдењата кои веќе некое време кружат дека се работи за мрачен проект или некој вид на блокчејн таканаречен “IMMO”, во кој оваа банкарската династија инвестира.

Исто така, освен овој проект, се шпекулира дека дури и крипто пазарот е контролиран од овие банкари.

Малку се знае за “IMMO”, но крипто-заедницата смета дека ова може да биде дигитална пара која се потпира на природните ресурси како што се злато или можеби недвижнини, што автоматски ги прави вредни. (Знаеме дека на пример, биткоинот нема таков вид на поддршка, така што кога еднаш би вредел 0, буквално и ќе биде нула).

Наводно, целиот проект лично е контролиран од страна на Александар де Ротшилд, новоименуваниот шеф на семејната банкарска династија.

Сепак, анализирајки детално, Бутерин дојде до заклучок дека потенцијалното влијание на Ротшилд на криптовалутните процеси е преценет.

“Тие се само родени на различни позиции на високото општество со стари пари, теориите дека се моќни и над тоа се неосновани”, напиша тој.

Да потсетиме, во декември медиумите напишаа дека фамилијата Ротшилд и те како влегле во светот на биткоинот и други крипто-валути.

Теориите на заговор за нивната контрола над криптовалутите дојдоа од 1988 година. Тогаш познатиот економист го објави текстот под наслов “Подготвени за Феникс”:

“За триесет години, американците, јапонците, европејците и другите останати веројатно ќе плаќаат со иста валута. Цените нема да бидат означени со на пр. долари, јени или марки, туку, да речеме, “Феникс”. Феникс ќе го претпочитаат корпорациите и клиенти, тоа ќе биде попривлечна од денешните национални валути “, напиша весникот пред триесет години, истакнувајќи дека тоа ќе биде преседан. “Феникс” е наведен како псевдоним на идната единствената валута која ќе управува една светска влада.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП