21 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗJLR развива технологија за автопилот за теренско возење

JLR развива технологија за автопилот за теренско возење

Како и многу други производители на автомобили, и „Jaguar Land Rover“ работи на системите за автономно возње, но, дека станува збор за експерти за теренци, оваа компанија сака технологијата „возило без возач“ да ја примени во „off-road“ областа.

Проектот за автомобили кои возат сами наречен „CORTEX“ има за цел да развие системи неопходни за нивоата на автоматизација – 4 и 5 во услови на теренско возење.

Во однос на технологиите за автономно возење на регуларните патишта, оваа задача е малку посложена, затоа што нема помош од ориентири, како што се хоризонталната и вертикалната сигналзација, како ни дигитална мапа на сообраќајници кои се користат во наведувањето на овој вид возила на јавните патишта.

Затоа за „CORTEX“, во кој „JLR“ ќе инвестира околу 5 милиони долари, ќе се фокусира на податоците кои ги добива од камерите, радарите и „LiDAR“ системот при наведување на автомобилот во теренски услови на возење.

При тоа, предвидено е возачот да учествува во управувањето на едно такво возило малку или воопшто.

„Развојот на автономни автомобили е неминовност за оваа индустрија. „CORTEX“ ни нуди можност за соработка со некои фантастични партнери чија стручност ќе ни помогне во остварувањето на визијата за автономни теренски возила во блиска иднина“, вели Крис Холмс од „JLR“.

Од „Jaguar Land Rover“ засега не ги прецизираат роковите за имплементација на системот за автономно возење на теренците и не наведоа кои се модели ќе бидат опфатени со овој проект.

Се очекува дека тоа би можело да бидат практично сите возила од гамата на „Land Rover“, како и „SUV“ моделите на „Jaguar“, „F-Pace“ и „E-Pace“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП