19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ: Грција не смее да се врати на старите навики по истекот...

ЕУ: Грција не смее да се врати на старите навики по истекот на новиот заем

Грција се ближи кон крајот на третиот заем и не може да си дозволи да скршне од усвоените реформите откако заемот ќе заврши во август, изјави шефот на мисија на Европската комисија.

Откако објави криза пред осум години, Грција има примено финансиски заем со евро-обврзници во висина од 260 милијарди евра од Европската Унија и Меѓународниот монетарен фонд. За возврат земјата е обврзана да воведе ригорозни мерки и реформи пропишани од нејзините кредитори.

Левичарската влада сега се надева дека ќе склучи договор со европските кредитори за уште еден кредит под истите услови. Рокот за овие услови истекува идната година, пренесува „Ројтерс“.

„Најпрвин Грција мора да покаже дека реформите се воведени. Земјата не смее да се врати на истата политика откако рокот ќе истече“, изјави Деклан Костело, еден од претставниците на кредиторите кои ја надгледуваат имплементацијата на реформи за време на заемот.

Грција забележа пораст изминатата година и очекува економски да „застане на нозе“ во наредните неколку години. Сепак, Костело предупреди дека земјата не смеат да ја понесат неколку позитивни промени.

„Ова не треба да се интерпретира како сите проблеми да се решени. Работата за структурните проблеми мора да продолжи“, истакна Костело.

„Значи, уживајте во порастот, но немојте погрешно да го интерпретирате“, додаде.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП