25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Газпром“ во првиот квартал заработи 6 милијарди долари

„Газпром“ во првиот квартал заработи 6 милијарди долари

Рускиот нафтен гигант „Газпром“ минатата недела извести дека е забележан пораст на нето добивката во првиот квартал од оваа година, и тоа за 11,4% во однос на истиот период од минатата година, благодарение на рекордниот обем на извоз во Европа.

Гигантот кој е под раководство на државата во првиот квартал остварил нето добивка од 371,6 милијарди рубљи (5,1 милијарди евра или 6 милијарди долари).

Имено, приходите се зголемени за 59% на 467 милијрди рубљи.

„Газпром“ во истиот квартал го зголеми извозот за 9% во споредба со 2017-та година на рекордни 71,5 милијарди квадратни метри, што го надминува првото ниво од 70 милијарди квадратни метри.

Минатата година оваа компанија во Европа и Турција направила извоз на гас на рекордни 194,4 милијарди метри.

„Газпром“ го зголеми својот удел на пазарот во Европа во последниве години. Во моментов, тие задоволуваат околу една третина од вкупните европски потреби за гас и покрај зајакнувањето на политичките тензии меѓу Русија и ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП