5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНародна банка со 11 стратегиски цели за наредните три години

Народна банка со 11 стратегиски цели за наредните три години

Советот на Народната банка одржа редовна седница на која ги донесе Стратегискиот план и Програмата за истражувачка активност на Народната банка за периодот 2019-2021 година.

Стратегискиот план за следниот тригодишен период содржи единаесет стратегиски цели кои јасно ја изразуваат определбата за одржување ниска и стабилна инфлација преку стратегијата на одржување стабилен курс на денарот во однос на еврото, одржување финансиската стабилност како составен елемент на макроекономската стабилност и предуслов за остварување економски раст и просперитет.

Имајќи го предвид динамичното и променливо окружување, во рамките на Стратегискиот план се разработени основните предизвици во работењето, како и најважните, критични точки на делување во наредниот тригодишен период. Утврдените стратегиски цели се основа за изработка на плановите на организациските единици и програмата за работа на Народната банка за следната година.

Со донесената Програма за истражувачка активност е предвидено и во периодот 2019-2021 година, истражувачката активност на Народната банка да биде насочена кон областите коишто се од значење за остварувањето на основните цели и задачи на институцијата. Истражувањата предвидени за следниот тригодишен период се очекува да дадат поддршка на процесот на одлучување, како и да придонесат за поуспешно функционирање на централната банка и за нејзина подговеност за соочување со идните предизвици.

Споредено со претходната тригодишна програма, програмата за периодот 2019-2021 година предвидува дополнителни проекти во доменот на монетарната политика, заемното делување меѓу основните макроекономски сектори, макроекономското моделирање, финансиската стабилност и останатите области. Дополнително, програмата го потенцира значењето на новите статистики и зајакнувањето на постојните статистички бази во и надвор од Народната банка, во функција на нови продлабочени истражувања во доменот на економијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП