18 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMicrosoft го надмина Google по пазарна капитализација

Microsoft го надмина Google по пазарна капитализација

„Microsoft“ ја надмина „Alphabet“, матичната компанија на „Google“, според пазарната капитализација.

Акциите на креаторите на оперативниот систем „Windows“ поскапеа за околу 1% за време на вчерашната трговија, на тој начин компанијата запишаа раст во цената во износ од 15% од почетокот на годината.

Така, пазарната капитализација на „Microsoft“ достигна 760 милијарди долари, додека на „Alphabet“ изнесува 745 милијарди долари, според „CNN“.

По оваа рокада компанијата на Бил Гејтс веќе е третата најскапа, која и „дише во вратот“ на „Amazon“, чија пазарна капитализација е со околу 30 милијарди долари повисока.

Лидер во оваа необична конкуренција е „Apple“ со пазарна капитализација од 920 милијарди долари.

Времињата за „Microsoft“ никогаш не биле толку успешни. Основна причина за подемот во цената на акциите на компанијата е стратегијата на извршниот директор Сатја Недела кој го насочи фокусот кон облачните технологии за сметка на оперативниот систем „Windows“.

Надела го замени Стив Балмер, кој се пензионираше во 2014-та година.

Покрај тоа, бизнисот со софтверскиот пакет „Office 365“ и лаптопите на „Azure“ се развива повеќе од добро.

Предвидувањата покажуваат дека профитот и приходите на „Microsoft“ ќе растат со стапка од 10% во текот на следните неколку години – нешто што е сосема импресивно за таква голема компанија.

Во исто време, Надела, исто така, направи голема инвестиција во бизнисот со социјалните платформи, со што беа вложени 26 милијарди долари во договорот за „LinkedIn“ во 2016-та година.

Поради тоа, инвеститорите од „Wall Street“ неодамна го видоа позитивизмот во акциите на „Microsoft“.

Според анализите на „Morgan Stanley“ и „Evercore ISI“, пазарната капитализација на компанијата има реална шанса да достигне ниво од 1.000 милијарди долари. Ако тоа се случи, цената на „Microsoft“ ќе скокне за 30% од сегашното ниво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП