26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина ги намали увозните давачки на некои производи за широка потрошувачка

Кина ги намали увозните давачки на некои производи за широка потрошувачка

Кина ја намалува увозната царина на машините за перење, козметиката и некои други стоки за широка потрошувачка во позадина на американскиот притисок за намалување на милијардниот трговски суфицит, пренесоа американските медиуми.

Ова е третото намалување на шестмесечните царински давачки за одредени увезени стоки. Пекинг забележува дека ова е обид да им се даде поголем избор на потрошувачите и да се промовира економскиот раст.

Владата најави дека увозните давачки за машини за перење и фрижидери ќе бидат намалени од 20,5 отсто на 8 отсто на 1-ви јули. Давачките на некои козметички производи, лекови и други стоки исто ќе бидат намалени.

Пекинг разговара со Вашингтон за можните мерки за намалување на трговскиот суфицит со зголемување на увозот.

Делегацијата на САД за трговија пристигна денеска на разговори во Пекинг, соопшти министерството за трговија.

Во текот на следните денови, американска делегација од повеќе од 50 луѓе ќе разговара за консензус со кинескиот тим, објави Министерството во соопштението на својата веб-страница.

Претходно денеска Кина возврати на новите закани на Белата куќа за трговијата, велејќи дека е подготвена да даде отпор, ако Вашингтон се стреми кон трговска војна, неколку дена пред планираната посета на министерот за трговија Вилбур Рос на Пекинг.

Претходно оваа недела САД соопштија дека ќе продолжи со трговските мерки против Кина, само неколку дена откако Вашингтон и Пекинг прогласија привремено решение на спорот, што пак предизвика надежи дека тензиите се намалени.

Прес службата на Белата куќа информира дека САД планираат да воведе ограничувања за одредени кинески инвестиции, како и царината од 25 проценти за голем број категории стоки.

До 15-ти јуни Вашингтон ќе објави листа на кинески стоки во вредност од 50 милијарди долари, кои ќе бидат оданочени со царини од 25 отсто, а самите давачки ќе започнат да се применуваат наскоро потоа, прецизира Белата куќа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП