2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеѓународна финансиска корпорација почнува со проект за подобрување на деловната клима во...

Меѓународна финансиска корпорација почнува со проект за подобрување на деловната клима во земјава

МФК, членка на Групацијата Светска банка, ги здружи силите заедно со Министерството за економија на Република Македонија и Владата на Швајцарија за започнување на проектот за подобрување на деловната клима во земјата, преку зајакнување на нејзиниот систем за несолвентност.

Проектот за решавање долгови, кој ќе биде спроведен во наредните четири години, се очекува да ги намали ризиците за кредитирање и да доведе до поголемо кредитирање, што ќе помогне во зачувувањето на постоечките и создавање нови работни места. Проектот ќе ги опфати правните и регулаторните реформи, а ќе обезбеди и услуги за градење капацитети и кампања за подигање на јавната свест.

„Целта на проектот за решавање на долговите и излегување на деловните субјекти е да се надминат сегашните пропусти во рамката за инсолвентност“, рече Крешник Бектеши, министер за економија, и додаде: „Нашата цел е промовирање на опкружување кое е поволно за деловните субјекти преку создавање ефикасна заштита за деловните субјекти и инвеститорите“.

Стабилните режими за инсолвентност им овозможуваат на деловните субјекти да соработуваат со заемна доверба. Системот за солвентност, кој функционира правилно, може да се користи како делотворен последен избор за решавање на долговите или, во случајот на должниците, како штит за деловните субјекти кои се соочуваат со привремени финансиски потешкотии. Механизмот за забрзано решавање на инсолвентноста ќе им помогне на вторите да преговараат за привремено олеснување и да се договорат за условите за разрешување на долгот надвор од судовите и однапред.

„Ефикасниот систем за разрешување на долговите обезбедува подобра алокација на капиталот за деловните субјекти и спречува настанување на нефункционални кредити“, изјави Томас Лубек, регионален раководител на МФК за Централна и Југоисточна Европа. Според него, резултатот е зголемен поврат за доверителите и подобра заштита за економски одржливите компании. Проектот ќе се спроведува во партнерство во владата на Швајцарија, претставена од страна на државниот секретаријат за економски прашања на Швајцарија (СЕКО).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП