25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИХрватската компанија Genos прогласена за најдобар работодавец во светот

Хрватската компанија Genos прогласена за најдобар работодавец во светот

genos1

Научното списание „The Scientist“ ја прогласи хрватската компанија „Genos“ за најдобро место за работа на истражувачите во економијата во светот, соопштија денес од компанијата „Genos“, приватната лабараторија за истражување на ДНК.

Истражувањето на „The Scientist“, кое се спроведува веќе 11 години по ред, опфаќа податоци од 240 биомедицински и биотехнолошки компании во светот.

Во ова истражување нивните истражувачи-вработени пополнуваа прашалник за задоволството на работа, можностите за напредување, пријателската деловна клима и сл.

„Genos“ го завзема првото место меѓу истражувачките компании во светот во областа на економијата и беше претставен како „најдобро место за работа во економијата во светот“.

Оваа хрватска компанијата се најде на врвот на листата, над светските познати компании „Genetech“, „Procter&Gamble“, „DuPonte“, „Monsanto“, „Wyatt“, „Promega“ и др.

„The Scientist“ ја претстави „Genos“ како успешна, пропулзивна компанија, исполнета со млади лица кои вредно и напорно работат.

Иако „Genos“ има само 25 вработени, компанијата одржува силни врски со академската заедница и им овозможува на своите истражувачи да учествуваат во големите глобални проекти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП