6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОтворен ден на Советот за етика во медиумите на Македонија

Отворен ден на Советот за етика во медиумите на Македонија

Во организација на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), денеска во Public Room ќе се одржи Отворен ден на Советот, кој започнува со отворена седница на Комисијата за жалби, а продолжува со панел – дискусија, на која ќе учествуваат и претставници на советите за етика од Холандија и Белгија.

На панелот, на која модератор ќе биде извршната директорка на СЕММ Марина Тунева, за „Улогата на советите за етика во одговорноста и транспарентноста на медиумите“, ќе говори професорот Huub Evers, од Совет за етика во Холандија.

За саморегулацијата во Македонија и досегашните искуства и предизвици“ свое обраќање ќе има претседателот за жалби при СЕММ, Мирче Адамчевски, а за „Саморегулацијата како алтернатива за маркетингот во медиумите“, ќе зборува проф. Jean – Jacques Jespers, од Школа за новинарство на Универзитетот во Брисел.

Во однос на саморегулација наспроти регулација како и придобивки и значење во општеството, ќе се обрати извршниот директор на ЗНМ Драган Секуловски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП