Видете ја еволуцијата на ова возило во слики:
1967 „Camaro“
„Chevrolet Camaro“ го имаше своето деби во 1966-та година со 4 автомобили во кабрио или купе верзија. Се смета дека таа е создаден за конкуренција на популарниот „Ford Mustang 1964“.
1967 „Camaro Z/28“
Иако не е најбрзиот, но е најпродаваниот модел во оваа година. Има V8 мотор со 290 коњски сили. Од овој модел се произведени само 602 парчиња, што ги прави многу вредни за колекционерите.
1969 „Yenko / SC Camaro“
Имаат V8 мотор со моќност од 450 коњски сили. Продадени се 201 примерок од овој модел.
1969 „ZL1 Camaro“
Тој е најмоќниот и најредок модел од 60-те години. Има V8 мотор со моќност од 430 коњски сили според официјалните податоци, но според многумина биле 500 коњски сили. Произведени само 69 парчиња и е многу важен за колекционерите.
1970 „1/2 Camaro“
Втората генерација „Camaro“ дебитира во февруари 1970-та година која нема кабрио модел. Новиот автомобил е подолг, понизок и пошироко. Има моќ од 360 коњски сили и V8 мотор од „Corvette“. Забрзува до 100 км / час за 5,8 секунди.
„Baldwin Motion 1970 1/2 Camaro“
Има моќ од над 500 коњски сили.
1982 „Camaro“
По 12 години „Camaro“ конечно добива редизајн. Третата генерација на автомобилот нуди модел кој е помал и полесен. Забрзува до 100 км / час за 7.9 секунди.
1987 „Camaro IROC-Z“
Повторно се враќа кабрио моделот.
1993 „Camaro“
Поради лошата продажба за малку да нема четврта генерација на „Camaro“. Тоа сепак се појавува во 1993-та година. Автомобилот е издолжен, понизок и пошироко. Има 5.7-литарски V8 мотор.
1998 „Camaro Z/28“
Има 5.7-литарски V8 мотор и моќност од 345 коњски сили.
2002 „35th Anniversary Camaro“
По овој модел побарувачката на спортски автомобили почнува да опаѓа, а во мода доаѓаат џиповите.
2010 „Camaro“
По 7-годишна пауза брендот се враќа со сосема поинаков автомобил. Има 3.6 литарски V6 мотор. Иако е потежок од нејзиниот ривал „Ford Mustang“, се продава подобро.
2012 „Camaro ZL1“
Има 6.2 литарски LSA V8 мотор со моќност од 580 коњски сили. Забрзува до 100 км / час за 4 секунди.
2013 „Camaro 1LE“
Новиот модел чини 40 000 долари.
2014 „Camaro Z/28“
Моделот ќе биде полесен, ќе има 7-литарски V8 мотор од „Corvette“ со моќност од 500 коњски сили. Ќе забрзува до 100 км / час за 4,2 секунди.