3 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАСебичноста е „клучот“ за напредок во кариерата! (видео)

Себичноста е „клучот“ за напредок во кариерата! (видео)

Да сте тимски играч во фирмата во која работите е навистина одлична работа, но постојат и некои моменти во кои е неопходно да издејствувате себично, за да напредувате во кариерата.

Имајте на ум дека на никој не му е грижа за вашата кариера, кој во принцип се грижи повеќе за вашата иднина вие или вашот шеф, вие или вашиот менаџер, вие или вашиот советник за кариера?

Најновите истражувања се позанимаваа со овој проблем, и истакнаа три случаеви во кои мора да се ставите себе на прво место.

Секојдневни дополнителни задачи

Веројатно многу пати ви се случило да извршувате некоја задача која не ве засега и за која не сте платени. Ако подолго време го правите тоа, тогаш можете да си ја загрозите кариерата. Таквите дополнителни задачи можат да ви бидат препрека за понатамошен успех на работното место. Затоа бидете подготвени да кажете „не“ и да се свртите кон она за кое сте платени, но одбивањето на извршувањето на задачите нека биде проследено со добра причина.

Колку сте платени?

Дали можете да си замислите ситуација во која вашиот менаџер ви се приближува и ве известува дека сте малку платени и дека тоа мора да се регулира?

Тоа е невозможно нели?

Ако вие сами не превземете иницијатива по ова прашање, секогаш ќе бидете помалку платени од останатите.

За кого работите?

Да се биде дел од сектор кој лошо функционира и е раководен од лош шеф, е една од поголемите причини поради кои вие „тапкате во место“.

Еве неколку совети за тоа како да бидете себични, а при тоа да не си наштетите:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП