7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОтворени нови објекти на царинскиот терминал на „Табановце“

Отворени нови објекти на царинскиот терминал на „Табановце“

На граничниот премин „Табановце“ денеска беа пуштени во употреба новизградените објекти на царинскиот терминал со што би требало да се намали задржувањето на возилата.

На настанот присуствуваше и премиерот Зоран Заев кој рече дека реконструираниот инфраструктурен капацитет на „Табановце“ е развиен според најмодерните и функционални стандарди за царинење и за олеснување на трговијата и контролата. Исто така, рече тој, денеска стартува со работа и интероперабилниот информатички систем на Царинската управа со царинските информатички системи на ЕУ.

„Со модерните инфраструктурни објекти за царинење и контрола за доброто на граѓаните, реализираме чекори од нашата стратешка цел за олеснување и забрзување на протокот на стока и патници, и тоа преку: подобрување на квалитетот на услугите и условите за работа на економските оператори и царинските службеници; намалување на задржувањето на возилата на граничните премини и одржување на систем свртен кон потребите на клиентите и негување на партнерски однос со деловната заедница“, рече Заев.

Тој појасни дека компјутерскиот транзитен систем претставува алатка за современо управување и контрола на транзитните процеси и постапки, со што се овозможува замена на писмената (хартиена) транзитна декларација со електронска форма на транзитна декларација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП