22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАБектеши: Со проектот за решавање на долговите ќе ги заштитиме претпријатијата со...

Бектеши: Со проектот за решавање на долговите ќе ги заштитиме претпријатијата со привремени финансиски проблеми

Министерот за економија Крешник Бектеши и регионалниот менаџер за Централна и Југоисточна Европа на МФК, членка на Групацијата Светска банка, Томас Лубек, потпишаа Меморандум за соработка со кој стартува спроведувањето на Проектот за решавање на долговите и излегување на деловните субјекти во Македонија. Се очекува овој проект да придонесе за подобрување деловната клима во земјата преку зајакнување на нејзиниот систем за несолвентност.

Проектот за решавање на долгови, кој ќе биде спроведен во наредните четири години, има за цел надминување на сегашните пропусти во рамката за инсолвентност на деловните субјекти, со што се очекува да се помогне во зачувувањето на постоечките работни места и создавање на нови.

Од неговата реализација, од министерството за економија велат, се очекува и намалување на ризиците за кредитирање, што ќе помогне во зачувувањето на постоечките работни места и создавање на нови. Ќе се спроведува во партнерство со владата на Швајцарија, претставена од страна на државниот секретаријат за економски прашања на Швајцарија (СЕКО), а ќе ги опфати правните и регулаторните реформи, а ќе обезбеди и услуги за градење на капацитети и кампања за подигање на јавната свест.

„Изминаа 12 години од донесувањето на актуелниот Закон за стечај, што е долг период во кој се менувале околностите, условите и сознанијата преку практиките од спроведување на Законот за стечај. Неспорна е потребата од креирање на ново, функционално законско решение со кое ќе се овозможи заштита на инвеститорите и нивните бизниси, ќе се врати довербата на бизнис заедницата во законот како механизам на заштита на претпријатијата со привремени финансиски проблеми. Нашата цел е да се создаде решение со кое ќе се поттикнат претпријатијата со потешкотии да се обидат да преговараат за привремено ослободување на долговите и да ги договорат условите за подмирување на долгот надвор од судот, преку соодветен механизам за инсолвентност“, изјави Бектеши.

На церемонијата на потпишување на Маморандумот ѕа соработка претходеше тричасовна дискусија на тема„ „Измени на Законот за стечај“, на која експертската јавност се согласи веќе формираната работна група да подготви нацрт текст на нов Закон за стечај, кој потоа ќе биде ставен на неколку јавни расправи додека не се добие институцинална рамка за солиден систем на инсолвентност во Република Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП