17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБројот на штрајкови во Велика Британија падна на историски минимум

Бројот на штрајкови во Велика Британија падна на историски минимум

Бројот на штрајкови во Велика Британија во минатата година бил досега најнизок регистриран, посочува Канцеларијата за национална статистика, цитирана од „BBC“.

Во 2017-та година на Островот имало само 79 штрајкови – најмал број од почетокот на водење на статистиката во 1981-ва година.

Бројот на работниците кои учествуваат во демонстрации за подобри услови за работа, исто така се намалува до историскиот минимум од 33.000 лица.

Податоците покажуваат дека речиси 70% од загубените работни денови се во секторот за транспорт и логистика.

Јавниот транспорт, а особено железничките услуги, се предмет на голем дел од штрајковите.

Минатата година железничките компании беа погодени од спорови во врска со предложените промени во улогата на кондуктерите во возовите.

Од 79 штрајкови во минатата година, 39 беа за плати.

Бројките покажуваат уште дека во Велика Британија имало 276.000 изгубени работни денови поради штрајкови, а 2017-та година спаѓа во статистиката како шестата најслаба година при јавно незадоволство.

Според високиот статистичар Дејвид Фримен бројот на деновите во кои се одржуваат штрајкови во кралството, значително се намалува од почетокот на 90-тите години на минатиот век.

„Тоа е сосема во спротивност со нивоата забележани во 70-тите и 80-тите години на минатиот век, како и со уште високите нивоа на индустриските протести во 10-тите и 20-тите години на минатиот век“, изјави тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП