21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија: Подобра прогноза за економијата

Германија: Подобра прогноза за економијата

germanija2

Централната банка на Германија изнесе оптимистична прогноза за германската економија, иако прогнозите за раст за оваа и наредната година се намалени.

Прогнозата за германската економија „повторно е светла“, по забавувањето на крајот на 2012 година, наведе Бундесбанк во својот јунски извештај, пренесува агенцијата Франс Прес.

Светската економија оваа година ќе почне да напредува, а истото ќе се случи и со еврозоната, вели банката, со очекување дека германскиот бруто домашен производ оваа и следната година ќе напредува за 0,3 проценти, односно 1,5 проценти.

Во декемвриската прогноза, Бундесбанк предвидуваше дека економскиот раст во 2013 и 2014 година ќе изнесува 0,4 проценти, односно 1,9 проценти.

Прогнозата на Бундесбанк доаѓа еден ден откако Европската централна банка неведе дека очекува економијата на еврозоната оваа година да потоне за 0,6 проценти, а во 2014 година да напредува за 1,1 проценти.

Централната банка на Германија верува дека, и покрај долготрајното постоење на негативните фактори кои создаваат тензии во еврозоната, германските инвестиции во клучните сектори како што е извозот, значајно ќе ја поттикнат економијата.

„Иако не постоеа радикални промени во постоечките услови, исто така, не постојат ни влошувања“, се вели во извештајот на банката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП