Невработеноста во Германија се намали на 3,4% во април од 3,5% забележана во претходниот месец, станува јасно од прилагодените усогласени податоци цитирани од „tradingeconomics.com“.
Ова е најнизок процент на невработени лица во најголемата економија во Европа од јули 1980-та година, со оглед на тоа што бројот на невработени се намалува со задржување на учеството на вработените во економијата.
Бројот на невработени лица во Германија се намали за 1,3% во однос на март на 1,47 милиони, додека оние на пазарот на труд останаа непроменети на 41,59 милиони.
На годишна основа, промената е уште поголема, при што невработеноста опаѓа за 10,9% споредено со истиот месец од минатата година, додека вработеноста се зголемува за 0,6%.
Нивото на невработеност на младите остана непроменето од претходниот месец на ниво од 6%, што е најниско ниво од февруари 1992-ра година.
Одделни податоци од Бирото за труд во Германија покажуваат дека бројот на невработени во мај опадна за 11.000 во однос на април на 2.358 милиони. За споредба, консензус прогноза за пазарот беше пад од 10.000 лица.