13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШкотска клиника ќе ја третира зависноста од криптовалути

Шкотска клиника ќе ја третира зависноста од криптовалути

Шкотска клиника специјализирана за лекување на зависности, објави дека создава програма за борба против зависност од криптовалутите – виртуелните валути, од кои најпозната е биткоинот.

Пациентите кои не можат да се одвратат да вршат секојдневни трансакции со виртуелни валути, можат да се вклучат во интензивната програма против зависност од коцкање, објаснија од клиниката „Кесел Крег“, која е една од водечките за лекување на зависности.

„Пазарот на криптовалути кој се двоуми многу и е со висок ризик, ги привлекува проблематичните играчи“, рече терапевтот Крис Брн од клиниката.

Вредноста на виртуелните валути е многу шпекулативна и не се базира на вистински средства. Тоа е причината зошто може да варира многу од ден на ден. Додека некои гледаат во неа средство за брзо богатење, други предупредуваат за ризиците кои се споредливи со оние во казината.

Големата нестабилност на криптовалутите „предизвикува возбуда и ескапизам“, продолжи Крис Брн, наведувајќи го за пример биткоинот, чија вредност се промени од околу 1.000 американски долари до 20.000 долари во 2017-та година, а сега е околу 7.110 долари. Ова може да е „возбудливо, но предизвикува и како зависноста од коцкање, што може да е катастрофално финансиски“.

Клиниката доби многу барања за вклучување на виртуелните валути меѓу зависностите што ги лекува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП