26 јуни, 2025
ПочетнаАВТОБИЗSkoda направи блиндиран Superb за 136.200 евра (фото+видео)

Skoda направи блиндиран Superb за 136.200 евра (фото+видео)

Најскапата „Skoda“ во историјата веќе е на пазарот, откако британската канцеларија на брендот претстави блиндирана верзија на караванот „Superb“.

Автомобилот обезбедува заштита од автоматско оружје со голем калибар, како и напад од гранати. Цената на караванот е повисока од онаа на „Audi S8“ – 118.688 фунти или 136.200 евра.

Од стандардниот „Superb“, оклопната верзија се разликува по непробојните од куршуми стакла, како и на каросеријата, направена од специјален челик и композитни материјали. Системите за суспензија и сопирање се зајакнуваат, а автомобилот исто така може да се вози со напукнати гуми.

Во опремата на „Skoda Superb Estate Amoured“ влегуваат уште сирени и светла, како и посебна звучна изолација во кабината. Под хаубата на моделот е 2.0-литарски дизел мотор со 190 КС. и 400 Nm.

Од британската канцеларија на компанијата не објавија какви се динамичките карактеристики на автомобилот по доработката, која го направила значително потежок од стандардниот „Superb“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар