Градоначалникот на Дубровник, Андро Влахушиќ најави остри мерки против туристите кои само се шетаат на улицата Страдун, а ништо не купуваат.
„Сите оние кои само шетаат на улицата Страдун, а не користат никакви услуги и не купуваат ништо, ќе бидат казнети“, изјави Влахушиќ.
Влахушиќ исто така, најави и распишување на концесии за возење на автобуси од градскиот предел Груж до Пила, како и за закотвување и превоз на патници со крузери кај Локрум. Автобусите кои преминуваат низ Илиевата област годишно ќе плаќаат 200 евра.
И тоа не е се. Се шират глaсини дека и од туристите ќе се извлекува поголема сума на пари, со тоа што, значително ќе се зголемат цените за користење на јавните тоалети.