29 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНеколку совети за успех од највлијателните жени на светот! (видео)

Неколку совети за успех од највлијателните жени на светот! (видео)

Најуспешните жени на светот имаат нешто заедничко, а тоа е патот кој морале да го поминат и животните лекции кои морале да ги научат за да постигнат успех во животот.

Еве што тие имаат да ви кажат:

1. Никогаш нема да се почувствувате целосно подготвени

„Жените мора да ги тргнат на страна негативните мисли, и да почнат да се насочат кон желбата за успех и да тргнат во „акција“- Шерил Шанберг.

2. Секогаш ќе наидувате на препреки и предизвици

„Предизвиците се секогаш добри бидејќи не тераат да бараме ново. Немојте да се борите со нив, едноставно најдете начин да застанете цврсто и да не попуштате“-Опра Винфри.

3. Нема секогаш другите да се согласат со вашата визија

„Луѓето никогаш нема да го разберат другиот целосно. Но мене тоа секогаш ми даваше ветар во грбот и ме поместуваше напред“- Џесика Алба.

4. Да доживеете неуспех е во ред

„Реалноста е таква и вие понекогаш ќе се соочувате со неуспех. Некогаш сте премногу големи па губите. Некогаш сте препаметни па губите. Тоа едноставно се случува“-Бијонсе.

5. Не дозволувајте стравот да ве спречи во намерата

„Стравот е како мускул. Од себе знам дека што повеќе вежбам, стравот не може да ме води“-Ариана Хафингтон.

Во продолжение погледнете што има да додаде славната дива:

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП