19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГодишна конференција за ИПА2 механизмот

Годишна конференција за ИПА2 механизмот

Годишната конференција на ИПА2 механизам за граѓански организации ќе почне денеска во организација на Евротинк – Центар за европски стратегии.

ИПА механизмот претставува мрежа на граѓански организации од Република Македонија, кои се здружени и насочени кон зајакнување на местото, улогата, значењето и капацитетите на граѓанските организации во соодветно и правилно користење на европските фондови и во процесот на пристапување на земјата во ЕУ, преку практикување на партнерството со владините институции и институциите на ЕУ.

Панел-дискусијата треба да поттикне дебатата и соработка меѓу актерите кои се вклучени во процесот на пристапување во ЕУ, како државни така и недржавни, преку подобрување на меѓусебните партнерски односи во искористувањето на европските фондови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП