18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДелегација на ССК на големиот „Бизнис-форум: Франција – Балкан 2018“

Делегација на ССК на големиот „Бизнис-форум: Франција – Балкан 2018“

Бизнис-делегација на компании на високо ниво на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССK) од денеска до 1 јуни учествуваат на „Бизнис-форум: Франција – Балкан 2018“.

Целта на бизнис-форумот на кој учествуваат над 400 компании од 12 земји е да се унапредат трговските односи со Република Франција, да се поттикнат инвестициите и заедничката соработка. На бизнис-форумот покрај експерти, менаџери на големи светски корпорации, претставници од владиниот сектор и јавни институции, учествуваат сопственици на големи производствени компании од Франција, кои се присутни на Балканот, како и стопанственици од 12-те земји партнери на овогодишниот бизнис-форум: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Кипар, Хрватска, Македонија, Грција, Косово, Молдавија, Црна Гора, Романија и Србија.

Фокусот на овогодишниот бизнис-форум е ставен на земјоделско-прехранбената индустрија, информатичката технологија, туризмот, инфраструктурата и енергетскиот сектор, а особено на обновливите извори на енергија.

Економскиот форум претставува одлична можност за македонските компании да остварат билатерални средби со потенцијални бизнис-партнери од Франција во делот на дистрибуција на француски технологии, продукти, услуги на домашните пазари, набавка на нова опрема и технологии од Франција за подобрување на капацитетите, потоа наоѓање француски партнери за заедничко аплицирање на тендери, како и за инвестирање во зголемување и проширување на производствените капацитети на Балканот. Исто така, компаниите ќе имаат можност за потенцијално партнерство за заеднички настап на трети пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП