19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРекордниот извоз на нафта од САД ги поткопува позициите на Русија и...

Рекордниот извоз на нафта од САД ги поткопува позициите на Русија и ОПЕК во Азија

Рекордниот обем на нафта, кој го извезуваа САД, ќе се насочи кон Азија во следните неколку месеци и ќе потрае уште од пазарниот удел на Русија и Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК).

Се очекува во јуни САД да извезува 2,3 милиони барели нафта дневно, а 1,3 милиони од нив ќе бидат за Азија, коментира висок раководител во голема американска компанија извозник на нафта.

Според податоците на Агенцијата за енергетска информација (ЕИА), американскиот извоз на нафта достигна 2,6 милиони барели дневно пред две недели.

Производството на американска нафта достигна историски максимум, што доведе до намалување на неговата цена со над 9 долари за барел под онаа на фјучерсите на меѓународниот репер Брент вчера. Ова е најголемата разлика во текот на три години. Оваа разлика во цената на основните видови „црно злато“ е шанса за азиските рафинерии да го намалат увозот на сирова нафта од Блискиот Исток и Русија, откако Брент и нафтата од Заливот достигнаа прилично високи цени, посочија трговците во Азија.

Кина, предводена од „Sinopec“, водечка компанија за рафинирање во регионот, е најголемиот увозник на американска нафта во Азија. Откако го намали увозот од Саудиска Арабија, компанијата купила рекордни 16 милиони барели американска нафта, рекоа двајца запознаени извори.

Индија и Јужна Кореја се следните најголеми купувачи во Азија, а и секој ќе добие 6 до 7 милиони барели во јуни, прецизираа изворите, кои ја следат американската продажба на нафта за Азија.

Тајванската државна рафинерија „КПК Корп.“ исто така нареди 7 милиони барели да бидат испорачани во јуни и јули. Американскиот извоз во Тајланд ќе се зголеми за најмалку 2 милиони барели.

Иако Азија и Европа имаат желба да купат повеќе американска нафта, рекордните количини ја преоптоваруваат инфраструктурата за извоз во САД, што ја ограничува можноста да се произведува и испорачува повеќе нафта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП