5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвајцарска револуција во кредитирањето!

Швајцарска револуција во кредитирањето!

Граѓаните на Швајцарија на 10-ти јуни ќе излезат на референдум со цел да се изјаснат по прашањето за радикалната промена во начинот на кредитирање.

Иницијаторите на референдумот бараат од Централната Банка да биде одговорна за создавање парична маса, бидејќи моментално 90% од франкот во опсег го креираат комерцијалните банки.

Тие би имале дозвола за одобрување кредити само од пари кои се добиени од долгорочните штедни депозити, пари од тргувањето на пазарот или од заем од Централната Народна Банка. Во тој случај наводно ќе дојде до промена при водењето на монетарната политика која ќе се сведе на управување со паричната маса, а не на каматните стапки.

Застапниците сметаат дека банкарскиот систем во тој случај ќе стане отпорен на кризи. Во досегашните околности банките премногу кредитираа во текот на економскиот раст, а многу помалку за време на рецесија. Имено, новиот систем ќе ја врати стабилноста на кредитниот пласман, тврдат тие.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП