КАРИЕРА

Мечтаете за успех?! Мора да донесете неколку клучни одлуки за да успеете во тоа! (видео)

Ова важи особено за жените кои се плашат од неуспех и се повлекуваат кога ќе се соочат со него, жени време е да го промените својот став.

 

Престанете да се извинувате

Ако сте погрешиле извинете се, но ако тоа го правите постојано и без причина ја губите својата „моќ“

Треба да умеете да ги натерате луѓето да ве слушаат на друг начин. Најдете мера во блискоста и директноста со останатите.

 

Бидете „ кројач на сопствената среќа“

Вие мора сами да ги откриете можостите и да ги „зграпчите“, како и да се изборите за своето место во деловниот круг. Едукацијата, искуствата, како и конференциите се многу важни за развојот на вашата кариера.

 

Променете го ставот кон успехот

Жените неуспехот го доживуваат премногу лично. Се плашат да ризикуваат и се склони кон правилните одлуки.

Треба да сватите дека од неуспехот и од грешките се учи најмногу и тие ви се сигурен пат кој ќе ве одведе до успехот, не се плашете од предизвици.

 

Еве што имаат да ви кажат успешните жени за неуспехот, и како да го искористите за да успеете: