Денеска од 13 до 15 поради минирање ќе биде во прекин регионалниот пат Кочани – Македонска Каменица, од селото Истибање до Каменица, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија.
АМСМ истовремено извести дека од 10:30 часот сообраќајот е нормализиран на магистралниот пат Скопје-Приштина.
Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по суви коловози.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.