3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБерзите во пад поради неизвесната ситуација во Италија

Берзите во пад поради неизвесната ситуација во Италија

Акциите на европските берзи денес паднаа, поради малите добивки на азиските пазари.

Францускиот индекс „CAC 40“ падна за 0,2% на 5.533 поени, германски „DAX“ за 0,1% на 12.929 поени, додека пак италијанскиот „FTSE Mib“ исто така забележа пад за 1,4% на 22.094 поени, пренесе агенцијата „AP“.

Британските и американските пазари денес се затворени поради одбележувањето на државeн празник, што значи дека глобалното тргување е многу пониско од сите претходни.

Поради неизвесната политичка ситуација во Италија, која ни по 12-те недели од одржувањето на парламентарните избори, не формираше влада, еврото падна од 1,1643 долари на 1,1652 долари минатата недела, информира „Business Insider“.

Во Азија, јапонскиот индекс „Nikei“ порасна за 0,1% на 22.481,09 поени, а јужнокорејскиот „Kospi“ забележа раст од 0,7% на 2.478,96 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП