2 јули, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКако бесплатна видео игра генерира милијарди приходи? (видео)

Како бесплатна видео игра генерира милијарди приходи? (видео)

Најверојатно, ентузијастите за видео игри чуле за играта наречена „Fortnite“.

Тоа е многу популарна игра која генерира стотици милиони долари во приходи секој месец. За разлика од другите популарни онлајн игри, како „Call of Duty“ на „Activision Blizzard“, „Fortnite“ е бесплатна.

Како, сепак, бесплатна игра може да генерира дури 3,5 милијарди долари приход само оваа година?

Ова се должи на купувањата што играчите од целиот свет ги прават во играта. Тие тргуваат со вистински пари во виртуелната валута позната како „V-Bucks“. Со тоа, тие можат да го сменат начинот на кој нивните ликови изгледаат и дури и да отклучуваат одредени награди.

Иако овие награди не им даваат предност на играчите, тоа не ги спречува гејмерите да трошат стотици милиони долари месечно за нив.

„Fortnite“, која е дело на „Epic Games“, генерираше скоро 296 милиони долари во април, според „SuperData“. Ако го зголемиш овој износ за 12, тоа значи дека „Fortnite“ има способност да генерира приходи од 3,5 милијарди долари годишно, пишува „CNBC“.

„Epic Games“ исто така неодамна објавија дека влегуваат во електронските спортови. Компанијата ќе финансира награден фонд од 100 милиони долари за натпреварите на „Fortnite“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП