4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВладата на седница треба да даде мислење за измените на Законот за...

Владата на седница треба да даде мислење за измените на Законот за акцизите

На предлог на Mинистерството за економија на дневен ред на денешната седница на Владата се неколку предлог-закони, односно предлог-законите за изменување на Законите за безбедност на производите, за заштита на потрошувачите и на Законот за контрола на предметите од скапоцени метали.

Како материјал за информирање пред министрите ќе се најде информацијата за текот и прогресот на активностите во врска со проектот „Подобрување на квалитетот на податоците во катастарот“, како и информацијата од работната група за приоритетот „Младинска работа“ со конкретни предлози, план/програма за работа и очекувани идни активности од страна на Владата и другите државни институции.

Министрите на 70-тата седница ќе ја разгледуваат информацијата за степенот на реализација на активности од Националната програма за усвојување на правото на Европската Унија – ревизија 2017 година, предвидени за реализација заклучно со последниот квартал од 2017 година.

На предлог на Министерството за локална самоуправа, на дневен ред се и предлог-одлуките за доделување средства за финансирање проекти од развој на села 2018а година, како и за доделување средства за финансирање проекти од развој на плански региони 2018 година. Владата на барање на Собранието на денешната седница треба да даде и мислење за предлог-законот за изменување на Законот за акцизите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП