Регулаторниот орган на Европската Унија надлежен за контрола на државната помош и наложи на Германија да наплати милиони евра од големите потрошувачи на електрична енергија.
Станува збор за голем број на потрошувачи кои уживале нефер погодности, бидејќи во периодот меѓу 2012 и 2013 година биле изземени од плаќање на надокнада за користење на преносната мрежа.
Европската комисија задолжена за обезбедување на рамноправни услови во ЕУ, соопшти дека со тоа бил зголемен финансискиот товар за другите потрошувачи на струја, кои морале да плаќаат посебна ставка воведена во 2012 година.
Според соопштението на органите на ЕУ за заштита на конкуренцијата, со ова изземање на големите компании, кое било укинато во 2014 година, биле опфатени компании кои користеле повеќе од десет гигават часови во периодот меѓу 2011 и 2013 година. Само за 2012 година, трошоците од кои биле ослободени големите потрошувачи изнесувале 300 милиони евра.