8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈапонија со најмоќен пасош во светот, Македонија на 41-то место

Јапонија со најмоќен пасош во светот, Македонија на 41-то место

Јапонија е прва на листата на „најмоќни пасоши“ во светот, со што го потисна Сингапур од првата позиција, на листата изработена од фирмата „Хенли енд партнерс“. Македонскиот пасош се најде на 41. позиција.

Оваа фирма ги рангира пасошите по тоа колку земји може да се посетат без виза. Државјаните на Јапонија без виза може да патуваат во 189 од 218 земји, додека државјаните на Сингапур и Германија може да посетат 188 земји, па поради тоа се на втората позиција.

Истражувањето покажува дека е забележан раст на можностите за патување без визи во земјите од Азија, благодарејќи на договорите потпишани минатата година. На третото место се наоѓаат Финска, Франција, Италија, Јужна Кореја, Шпанија и Шведска, чии државјани може без виза да посетат 187 земји. Носителите на пасоши од Чешка може да патуваат без визи во 182 земји, додека тие од Унгарија и Словенија во 180.

Хрватска е на 16. место и нејзините државјани може без виза да патуваат во 169 земји. Државјаните на Србија може да патуваат во 130 земји без виза, со што напредуваа за едно место и сега се на 36. позиција.

Со македонскиот пасош може да се патува во 125 земји без виза, поради што се најде на 41. место. Зад нас на листата се Црна Гора, која е на 43. позиција со 123 земји и Босна и Херцеговина, со чиј пасош без виза може да се патува во 118 земји, со што се на 47. позиција. Албанија се наоѓа на 48 место, на Албанците не им е потребна виза за 114 држави.

Во извештајот е наведено дека најголем напредок имале Обединетите Арапски Емирати. Тие сега се на 23. место, што е напредок за 38 позиции од 2008 година. Помеѓу најлошо рангираните пасоши се Авганистан и Ирак, бидејќи со нив без виза може да се патува во само 30 земји, додека граѓаните на Сирија и Сомалија може без виза да посетат 32 држави. Помеѓу државите кои во првото тромесечје од 2018 година најмногу напредувале се Грузија (во 111 земји), Украина (128), Кина (70) и Индонезија (71 земја).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП