3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХРВАТСКИТЕ УГОСТИТЕЛИ ВО ПАНИКА: Драги гости, нема кој да ве услужи!

ХРВАТСКИТЕ УГОСТИТЕЛИ ВО ПАНИКА: Драги гости, нема кој да ве услужи!

Хрватска има голем проблем со недостаток на работна сила во туристичката индустрија, трговијата на мало и другите услуги.

“Драги наши, се уште не успеавме да најдеме келнери и келнерки, привремено не може да ве услужиме и затоа Ве молиме да се обратите на продажниот пулт кај продавачите”.

Ова е  натписот, кој веќе долго време ги пречекува гостите во популарната слаткарница во Пула која по зимската пауза сеуште трае безуспешната потрага за персонал неопходен за да се организира работењето во новата сезона, пишува “Glas Istre”.

Не, не е во прашање само слаткарницата, затоа што проблемот со недостатокот на работна сила во туристичката индустрија, трговијата на мало и други услуги, која се назираше и претходните години, во пресрет на шпицот на сезоната се разгореа буквално како шумски пожар и се сериозно погодени во значаен дел од овој сектор.

Во Пула и неговата околина, во овој момент недостасуваат готвачи, келнери и придружен угостителски персонал, а проблемот во повеќето случаи, не претставува дури ни платата или преговорите за условите за работа, туку фактот дека на огласените работни места веќе никој не се јавува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП