5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСугарески: До крај на оваа година ќе заврши изградбата на пругата Битола-Кременица

Сугарески: До крај на оваа година ќе заврши изградбата на пругата Битола-Кременица

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески изврши увид во изградбата на пругата Битола-Кременица и најави дека изградбата на истата ќе заврши до крајот на годината.

Пругата е со должина од 16 километри а инвестицијата е во вредност од 17, 2 милиони евра. Од нив 6 милиони евра се грант од Европската Унија, а 11 милиони евра се обезбедени од буџетот на Република Македонија.

Министерот Сугарески потенцираше дека ова е најзначајниот проект во Пелагонискиот регион, бидејќи после триесет и две години овој регион железнички повторно ќе се поврзе со Грција. Изградбата на пругата е стратешки проект на Владата, кој според министерот Сугарески економски ќе го зајакне Пелагонскиот регион.

„Заради стратешката позиција и огромната потреба Пелагонија повторно железнички да се поврзе со Грција, минатата година во номеври потпишавме нов договор со друга компанија, како што можеме да забележиме тие интензивно работат на терен и очекувам до крајот на ноември оваа година да имаме функционална пруга кон Грција.

Со изградба на пругата, како што рече Сугрески, ќе се обезбеди брз пристап со железница од Пелагонискот регион до Солунското пристаниште, а понатаму ќе се поврземе и со Коридор 4 се до Турција.

„Ова е многу значајно ако се има предвид дека близу до нас се наоѓа и индустриската зона Жабени со што ќе овозможиме брз и поевтин транспорт на стоките и услугите за компаниите не само во зоната туку и сите останати во Пелагонскиот регион. Пругата е од огромно значење бидејќи со нејзината изградба дополнително овој регион економски ќе го зајакнеме“ нагласи Сугарески.

Покрај изградбата на оваа пруга, Сугарески рече дека владата е фокусирана и на изградба на пругата кон Бугарија, а интензивно преговараат за обезбедување на финансиски средства и за изградба на пругата кон Албанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП