19 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНеколку совети како да бидете запаметени на интервјуто за работа?

Неколку совети како да бидете запаметени на интервјуто за работа?

На интервјуто за работа можеби најважно е да се чувствувате забележани, односно запаметени. Постојат многу работи кои влијаат на тоа, а личноста е една од нив.

Ви претставуваме неколку совети кои ќе ви помогнат да оставите силен впечаток кај работодавецот…

Ентузијазам

Работодавците очекуваат кандидатите за работа да бидат возбудени поради работата во нивната компанија и да сакаат да се вклопат во корпоративната култура. Ако почувствуваат дека на некого му недостасува ентузијазам или страст, тој кандидат сигурно нема да биде личноста која ќе ја изберат.

Личност

Не се плашете да ја покажете сопствената личност. Пред се, не се однесувајте роботски – работодавците сигурно нема да ги запаметат кандидатите кои на разговорот за работа рецитираат однапред научени реченици. Всушност, таквото однесување ќе ги одбие.

Испратете писмо за благодарност

Тој чин говори за пристојноста и манирите на кандидатот. Заблагодарете се на укажаната прилика и времето кое работодавците го издвоиле за разговор со вас. Исто така, тој чин ви овозможува дополнителна комуникација со работодавците како и дополнителна прилика да бидете запаметени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП