27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Катар забранија продажба на стоки од Саудиска Арабија, ОАЕ, Бахреин и...

Во Катар забранија продажба на стоки од Саудиска Арабија, ОАЕ, Бахреин и Египет

Во продавниците во Катар беше наредено да ги отстранат од штандовите сите стоки кои потекнуваат од предводени држави од Саудиска Арабија кои минатата година воведоа бојкот на Доха.

Оваа уредба на Министерството за економија влијае на сите производи од Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Египет.

Инспектори ќе кружат низ трговски објекти, за да се уверат дека овој правилник стапил на сила, соопштија светските агенции.

Правилникот беше издаден неколку денови пред навршувањето на една година од избувнувањето на дипломатската криза меѓу овие земји. На 5-ти јуни 2017-ти година тие „скинаа“ дипломатските односи со Катар и наложија трговски бојкот.

Тие го обвинуваат емиратот дека не се дистанцира доволно од Иран, регионалниот противник на Саудиска Арабија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП