5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУтре истекува рокот на акцијата за исплата на заостанати долгови за вода...

Утре истекува рокот на акцијата за исплата на заостанати долгови за вода на рати без камата

Од Водовод и канализација потсетуваат дека утре истекува рокот за можноста за исплата на заостанатиот долг за вода на повеќе месечни рати.

„Ги повикуваме сите корисници кои имаат долг, да ја искористат оваа можност. Корисниците на услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, кои имаат заостанат долг за вода (по основ на тужени сметки и редовени сметки) имаат можност да го платат на рати и без пресметана камата за задоцнето плаќање.

Физичките лица и правни лица може да го исплаќаат својот долг со склучување на договор до 24 месечни рати во зависност од висината на долгот“ соопштуваат од компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП