29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПроблеми за Google: Корисниците на iPhone бараат милијарди долари отштета

Проблеми за Google: Корисниците на iPhone бараат милијарди долари отштета

Групата „Google You Owe Us“, која застапува 4,4 милиони корисници на „iPhone“, со тужба до „Google“ бара 4,29 милијарди долари отштета поради неовластеното собирање податоци.

Во заедничката тужба е наведено дека „Alphabet“, компанијата во која „Google“ е составен дел, незаконски собирала лични податоци на корисниците, така што ги заобиколувала почетните поставувања во „iPhone“.

„Google“ тврди дека обвинувањата се неосновани, а ја оспорува и надлежноста на судот во Лондон, Велика Британија.

За што станува збор?

„Apple“ во 2015-та година им дозволи на корисниците на „iPhone“ и „iPad“ да инсталираат софтвер за блокирање на рекламите и другите непосакувани содржини.

„Google“, како што се тврди во тужбата, го има активирано алгоритамот кој на програмерите им овозможило следење на историјата од користењето на интеренет страни и собирање на лични информации.

Тој алгоритам најверојатно ги заобиколил почетните поставувања на прелистувачот на „Apple“ – „Safari“ кои го блокирале следењето со помош на интернет „колачиња“ (cookies).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП