19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолку Европејци работат на привремени договори?

Колку Европејци работат на привремени договори?

Во ЕУ на привремени договори работат 27 милиони луѓе, или 14,3% од сите вработени. Привременото вработување во Заедницата варира помеѓу 12,7% и 14,5% во текот на изминатите 15 години.

Во 2017-та година овој процент бил малку повисок кај жените (14,8%), отколку кај мажите (13,8%). Податоците покажуваат малку повисок удел на привремените договори во еврозоната (16%), во споредба со просекот во ЕУ.

Значителни се разликите меѓу земјите и возрасните групи.

Еден од секои четворица вработени во Шпанија (26,8%) и Полска (26,1%), како и повеќе од еден на секои петмина во Португалија (22%), Холандија (21,5%) и Хрватска (20,6 %) работи на привремен договор во 2017-та година.

На спротивната страна од скалата со под 2% од сите вработени се во Романија (1,2%) и Литванија (1,7%).

Низок е процентот на вработување со привремен договор во Латвија (3%), Естонија (3,1%), Бугарија (4,4%), Малта и Велика Британија (и во двете 5,6%).

Младите работат главно со привремени договори. Минатата година во ЕУ речиси 8 милиони младинци или речиси половина од вработените меѓу 15 и 24 години (43,9%) биле вработени на овој начин.

Над седум од секои десет млади работат со привремен договор во Шпанија (73,3%) и Словенија (71,6%). Исти договори имаат околу две третини од младите во Полска (68.2%) и Португалија (65.9%). Бројките покажуваат 61,9% за Италија, 60,8% за Хрватска и 58% за Франција.

Младите вработени со привремен договор, се под 10% во Романија (4,1%), Летонија (6,7%) и Литванија (6,8%).

Под 20 отсто е нивниот удел во Естонија (10,6%), Бугарија (12,7%), Малта (13%), Велика Британија (14,5%) и Унгарија (17,6%).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП