19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМосковичи го поздрави унапредувањето на фискалната транспарентност во земјата

Московичи го поздрави унапредувањето на фискалната транспарентност во земјата

Еврокомесарот за финансиски прашања, Пјер Московичи го поздрави унапредувањето на фискалната транспарентност во земјата, за време на средбата со министерот за финансии, Драган Тевдовски и македонската делегација.

Тевдовски, во рамки на состанокот ја потенцираше посветеноста на реализација на стратегијата за управување со јавните финансии, за која што од министерството велат дека е прва сеопфатна рамка донесена од Владата за управување со јавните финансии во државата.

Европската Унија ги поздрави и поддржа мерките во стратегијата и посочи дека е партнер на Македонија во нејзиното спроведување.

Ова е прва средба на министер за финансии на земјата со еврокомесар за економски и финансиски прашања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП