28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција може да остане под строг надзор со децении

Грција може да остане под строг надзор со децении

По завршувањето на меморандумот (спасувачката програма) Грција може да остане со децении напред под строг надзор, објави германскиот економски весник „Handelsblatt“, цитиран од грчките изданија и медиуми.

Во нив се потенцира уште една проценка, изнесена на страниците на електронското издание на „Spiegel“, имено, дека „во споредба со Италија, грчката криза била едно ништо“.

На 20-ти август оваа година, грчкиот премиер Алексис Ципрас сака да ги тргне „оковите“, пишува „Handelsblatt“ во статијата „Грција под строг надзор во следните децении“.

Економскиот весник нагласува дека со текот на времето стануваат се повеќе јасно дека завршувањето на грчката програма за спас не значи крај на условите поставени од кредиторите, и дека по истекот на рокот на оваа програма Атина ќе остане во режим на надзор, а тоа се виде од документ на Европската комисија.

„Контролите на кредиторите ќе продолжат најрано до 2050-та година“, смета германскиот весник, а заедно со тоа не исклучува доверителите да поставуваат и други услови на Грција во случај дека Ципрас доби олеснување на грчкиот долг. Ова прашање ќе се расправа на следната средба на Еврогрупата на 21-ви јуни.

Како што е познато, ММФ сака олеснување на грчкиот долг, за да стане тој одржлив. Претседателот на Европскиот механизам за стабилизација Клаус Реглинг изјави дека погодностите на овој долг ќе бидат пропратни со дополнителни проверки и дека овие проверки ќе се уште построги, потсетува весникот.

Еврогрупата не одлучи синоќа за доделување на последната транша од помошта за Грција и за повлекување на земјата од програмата за макрофинансиска поддршка на Унијата во август оваа година, пренесоа агенциите.

Тоа го соопшти претседателот на Еврогрупата Марио Сентено на прес-конференција, велејќи дека сите решенија се одложени до следната средба на Еврогрупата во Луксембург во јуни.

„Успешното излегување на Грција од програмата за макрофинансиска помош останува за нас главен приеритет, ќе ги земеме сите потребни решенија за следниот состанок во јуни во Луксембург“, рече Марио Сентено.

Во „Катимерини“ пишува дека на средбата министрите за финансии од ЕУ инсистирале грчката влада да заврши со побараните од неа мерки за реформи и тоа да се случи пред средбата на Еврогрупата на 21-ви јуни, бидејќи предметните мерки претставуваат услов за постигнување на договор за олеснување на грчкиот долг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП