2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп нареди истрага за увозот на странски автомобили

Трамп нареди истрага за увозот на странски автомобили

Американскиот претседател Доналд Трамп нареди истрага за увозот на автомобили, што би можело да предизвика нови тарифи.

Трамп рече дека автомобилската индустрија е клучна за зајакнување на САД како нација и издаде наредба до Министерството за трговија да спроведе истрага.

Истрагата е заснована на легислативата од 1960-тите години, што му дава на шефот на државата право да го ограничи увозот доколку ја загрозува националната безбедност.

Министерството за трговија ќе го испита влијанието на увозот на автомобили, а секретарот за трговија Вилбур Рос, рече дека истрагата ќе биде фундаментална, фер и транспарентна.

Како што објави Министерството, увозот на автомобили влијае на тоа што половина од продадените автомобили се од странска сопственост.

Само во 2017 година, увезени се 8,3 милиони автомобили во вкупна вредност од 192 милијарди долари, додека извезени се два милиона автомобили во вредност од 57 милијарди долари.

Најмногу увезени автомобили се од Мексико и Канада, а двете земји се потписнички на северноамериканскиот договор за слободна трговија во(NAFTA), кој администрацијата на Трамп сака да го промени, во обид да го охрабри производствениот сектор во САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП