3 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕПатување со луксузниот воз во Индија

Патување со луксузниот воз во Индија

voz1

Низ индиските железници имате можност да се возите со „Maharajas’ Express“ – најскапиот воз во државата, а можеби и во цела Азија. Доколку сакате да ги запознаете убавините и знаменитостите на големата Индија, може да присутвувате на осумдневната тура со овој воз.

Најевтино што можете да поминете е да потрошите 6.400 американски долари за целиот пат, или 800 долари по вечер. Оваа цена се однесува за едно лице и со неа добивате Делукс кабина.

Има уште два вида полуксузни кабини кои чинат 900 и 1.400 американски долари, а најскапата е претседателскиот апартман кој чини 2.500 долари. Во возот можат да се сместат 88 патника, а во цената спаѓаат и бесплатната храна и пијалак.

Возот има 24 вагони кои вклучуваат ресторани, бар, генератор, чувалиште за автомобили, спални и слично.

Секој вагон е елегантно декориран, а собите за престојување имаат телевизори, плеери, телефони, интернет, сеф и сопствено греење.

Во самиот воз има и продавница за сувенири, во која можат да се купат разни предмети, кои секогаш ќе ве потсетуваат на кралското искуство доживеано на ова патување.

Уживајте во прекрасните фотографии…

voz2

voz3

voz4

voz5

voz6

voz7

voz8

voz9

voz10

voz13

voz14

voz12

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП