5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАApple,Google,Microsoft и Facebook инволвирани во шпионажа!

Apple,Google,Microsoft и Facebook инволвирани во шпионажа!

110330_facebook_google_apple_logos_ap_605

Бомбастичен извештај пристигна каде девет водечки технолошки компании се инволвирани во шпионската програма на Владата на САД.

Програмата е наречена ,,PRISM” и наводно во неа се вклучени Microsoft,Yahoo,Google,Facebook,PalTalk,AOL,Skype,YouTube и Apple.

Apple,Microsoft,Google,Facebook излегоа да ја негираат оваа информација дека партиципирале во програмата за шпионажа.

Портпаролот на Apple категорично негираше дека предавале информации и кажа: ,,Ние никогаш не сме слушнале за ,,PRISM”. Ние не даваме на владина агенција да има пристап до нашите сервери ниту пак да добие податоци од нашите клиенти, освен само ако добие судски налог за тоа”.

Еве ја изјавата на Facebook: ,,Ние не даваме на ниедна владина агенција да има пристап до нашите сервери.Доколку е побарана некоја информација за специфичен поединец, најпрво внимателно го анализираме барањето и во согласност со сите применливи закони ја обезбедуваме”.

Изјавата на Google: ,,Google длабоко се грижи за безбедноста на податоците на своите клиенти.Ние даваме податоци на Владата доколку тоа е во согласност со законот, притоа внимателно го разгледуваме секое барање.Од време на време луѓето велат дека имаме креирано ,,задна врата” во нашите системи, но Google нема таква врата за владата да може да влага во приватните системи”.

Портпаролот на Microsoft: ,,Ние обезбедуваме податоци за клиентите само доколку добиеме правно-обврзувачки налог или покана за на суд, но никогаш на доброволна основа.Ако владата има национална програма за доброволно прибирање на податоци, ние не учествуваме во тоа”.

Програмата,,PRISM” наводно им дозволува на NSA и FBI да дојдат директно до централните сервери на компаниите.Од таму тие можат да добијат пристап до фотографии,пораки,документи и многу повеќе.

Според извештајот сето ова било направено во соработка со големите технолошки компании.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП