15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРуските банки повеќе не му позајмуваат средства на Дерипаска

Руските банки повеќе не му позајмуваат средства на Дерипаска

Втората најголема руска банка, ВТБ, повеќе нема да му позајмува средства на тајкунот Олег Дерипаска, кој се наоѓа под американски санкции, соопштил директорот на банката, Андреи Костин, пренесува „Ројтерс“.

Минатиот месец Вашингтон санкционираше неколку од најголемите руски компании и бизнисмени, вклучувајќи го и Дерипаска и неговата „алуминумска империја“, како одговор на наводното мешање на Москва во американските претседателски избори од 2016 година.

„Секако дека не му позајмуваме пари на него, ниту, пак, имаме некакви зделки со него“, рекол Костин додавајќи дека ВТБ сега чека да види кои ќе бидат следните чекори на американското Министерство за финансии.

„Оние бизниси кои се наоѓаат под санкции претставуваат помалку од два проценти од нашиот имот, што секако дека влијае врз нас до некоја мера, но треба да видиме што ќе се случува со нив бидејќи постојат некои дискусии за тоа дека санкциите за Рурал и уште неколку компании би можеле да бидат отфрлени“, порачал Костин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП