15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ ја предупреди Италија за јавниот долг

ЕУ ја предупреди Италија за јавниот долг

Европската унија ја предупреди Италија да се придржува да правилата за јавниот долг, додека политичките партии во Рим се обидуваат да формираат влада која има за цел да ја зголеми јавната потрошувачка.

Потпретседателот на Европската комисија, Валдис Домбровскис, во средата изјави дека “Италија треба да продолжи да го намалува својот јавен долг, кој всушност е втор највисок во ЕУ по Грција”. Долгот на Италија во моментов е над 130 проценти од БДП.

19-те членки на еврозоната треба да го задржат јавниот долг под 60 отсто од БДП и буџетскиот дефицит под 3 отсто од БДП.

Комисијата рече дека е малку веројатно дека Италија ќе ги почитува овие правила во 2018 и 2019 година.

Комесарот за економија на ЕУ, Пјер Московичи, рече дека “ова е важно прашање за иднината на Италија и италијански граѓани, а тоа бара веродостоен одговор”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП