4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМВР и ПИОМ потпишаа меморандум за соработка

МВР и ПИОМ потпишаа меморандум за соработка

Министерството за внатрешни работи и Фондот за ПИОМ потпишаа меморандум за соработка со што сите вработени во МВР ќе имаат можност во секое време да имаат увид во податоците за стажот, платите, пријавите и одјавите.

„Потпишувањето на овој меморандум е од исклучителна важност, со цел да се олесни работата и на МВР и на Фондот, а да бидат задоволни нашите вработени“, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Тој нагласи дека во изминатиот период се одржаа повеќе состаноци меѓу МВР и Фондот со цел прецизно дефинирање на процесот за почеток, а понатаму и успешно преземање на податоците за вработените на МВР.

Во изминатиот период беше реализиран процесот на внесување и обработка на податоци за плати и надоместоци од плати, односно изготвување на М4 обрасци за сите вработени во МВР за сите години на стажот, заклучно со 31.12.2005 година (индивидуално од датумт на засновање на работен однос до 2005 година). А од 2006 година до денес податоците се веќе обработени електронски во ФПИОМ, односно веќе ажурирани.

Со меморандумот се дефинираат сите услови за деловна соработка, односно процесот на натамошно преземање на податоците од страна на ФПИОМ може да продолжи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП