7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтранци купиле недвижен имот за речиси 42 милијарди долари во Турција во...

Странци купиле недвижен имот за речиси 42 милијарди долари во Турција во изминатите 15 години

Странски државјани купиле недвижен имот во вредност од скоро 42 милијарди долари во Турција меѓу 2003-та и 2017-та година, покажуваат податоците на градежната компанија „Fuzul Group“, цитирани од весникот „Daily Sabah“.

Порастот на приходите генерирани од продажбата на имот на странци, го привлече вниманието, особено по влегувањето во сила на законот за реципроцитет. Тој им овозможи на граѓаните на 129 земји да купат имот во Турција и на жителите на другите 50 земји да купуваат при релаксирани услови.

По влегувањето во сила на законот приходите од продажба на недвижен имот на странски државјани се зголемуваше секоја година од 2013-та година, па достигнаа 3,49 милијарди долари во 2013-та година, 4,32 милијарди долари во 2014-та година, 4,16 милијарди долари во 2015-та година, 3,89 милијарди долари во 2016-та година и 4,64 милијарди долари во 2017-та година.

Се очекува поради намалувањето на вредноста на турската лира и симнувањето на минималната граница за инвестиции во недвижности против купувањето на турско државјанство од 1 милиони долари на 300.000 долари приходи од продажба на домови на странци во последните 15 години да достигнат 50 милијарди долари до крајот на 2018-та година.

Фарук Акбал, претседател на компанијата „Nevita International“, која била создадена од „Fuzul Group“, за да продава исклучително имот на странци, вели дека по влегувањето во сила на законот за реципроцитет 99.691 недвижни имоти биле купени од странци. Тој додава дека годишните трендови покажуваат значителен раст во последниве години.

Во првите три месеци од 2018-та година продажбата на имот на странци се зголемила за 20% во однос на истиот период од 2017-та година, забележува Акбал и додава дека, иако обемот на продажба изгледа мал, симнувањето на долната граница за инвестиции во недвижности за стекнувањето турскп државјанство ќе доведе до значително зголемување на продажбата.

Според Акбал, странците претпочитаат да инвестираат во имот во вредност од 100.000 до 300.000 долари.

Во САД 284.000 станови биле продадени на странци и тие платиле вкупно 153 милијарди долари за нив. Една на секои 20 куќи бил продадена на странец. Во Шпанија обемот на продажбата на станови на странци достигна 50.000. Во 2017-та година една на секои десет куќи во земјата била продадена на странски државјанин. Ние можеме да продадеме еден од 65 домови и да заработиме 4,6 милијарди долари. Приватниот и јавниот сектор сепак имаат уште многу што да направат за да ги подобрат овие податоци“, вели Акбал.

Бројот на продадени имоти на странци во Турција се зголеми за 25,8% на годишна основа, покажуваат податоците на статистичката служба во земјата. 2.043 станбени објекти беа продадени на странски државјани, од кои само 676 во Истанбул.

На второ место е Медитеранското одморалиште Анталија со 475 имоти, а северозападната провинција Бурса е на трето место со 150.

Ирачките граѓани се најактивните купувачи на турски имот меѓу странците со 337 купени станови, проследени со Саудијците со 252, Иранците со 138, Кувејтците со 116 и Русите со 112.

Бројот на продаден имот во Турција е намален за 9,9% во април во однос на истиот месец минатата година, покажуваат податоците на статистиката. Минатиот месец беа продадени 103.087 куќи, вклучително и 47.534 нови домови.

Најголем е процентот на продадените станови во Истанбул со 16,9% или 17.414 станбени имоти, станува јасно од статистиката. Главниот град Анкара и егејската провинција Измир имаат удел од соодветно 10% и 6,2% од вкупната продажба на станови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП